Проработе 192, скопската полиција го вклучи телефонот

По прекин кој предизвика проблеми во комуникацијата со полицијата на главниот град, од ГУВР-Скопје информираат дека повторно има некој кој ја крева слушалката на 192, која беше во прекин и предизвика непријатност кај граѓаните на Скопје.

Од ГУВР велат дека линиите се повторно воспоставени и со локалните полициски станици, но истовремено и упатуваат дека граѓаните може да го користат и централниот број 112 доколку имаат итна потреба од каде операторите веднаш известуваат надлежни служби согласно потребите и барањата на граѓаните

Зачлени се на нашиот е-билтен