Проработе вториот блок на РЕК Битола

Вториот блок на РЕК Битола, од вчера вечерта  повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот.

Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, од вчера попладне повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа.

Сомнежот за саботажа во РЕК Битола го истражуваше МВР и се очекува информација од спроведената истрага.

Зачлени се на нашиот е-билтен