Државниот завод за статистика денеска ја објави висината на просечната нето плата за месец јануари 2026 година.
Просечниот месечен приход по работник, исплатен како нето плата, во јануари оваа година достигнал 46.617 денари.
Тоа, според податоците на ДЗС претставува раст од 8,3% споредено со истиот период во 2025 година.
Раст на платите е регистриран во областите Административни и помошни услужни дејности, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Преработувачка индустрија, додека пад на платите има во секторите: Транспорт и складирање, Градежништво и Финансиски дејности и дејности на осигурување.
Просечната месечна плата по вработен во јануари оваа година во бруто износ била 70.066 денари.
