Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протест во Загреб по нападот во основно училиште: Сакаме безбедни училишта

Фото: X/@mila_moralic

Голем број на граѓани со свеќи учествуваат на парадата „За безбедно училиште“, која започна во 18 часот во Загреб и помина низ центарот на градот за да укаже на важноста на безбедноста во училиштата по трагичниот настан во петокот.

Протестот беше организиран од Хрватскиот синдикат на наставници, Синдикатот на преродба и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта во Хрватска. Лидерите на синдикатот ги поканија членовите и јавноста надвор од Загреб да се соберат мирно пред локалните училишта и да ја изразат својата почит кон жртвите и да ги предупредат да го решат проблемот.

Учесниците на протестот порачаа дека тие маршираат барајќи посигурни училишта, места за работа за децата, но и за сите работници.

Дел од наставниците на протестот изјавиле дека и нив, но и на родителите им е страв да се вратат во училиштата по трагичниот настан.

Во петокот, 19-годишно момче со нож упадна во осново училиште во Загреб при што смртно рани едно петгодишно дете, а повреди уште три ученици и една учителка, која ги штитела учениците.

Зачлени се на нашиот е-билтен