Во Рио де Жанеиро и други делови од Бразил, жителите на фавелите и активистите демонстрираа против најсмртоносната полициска операција против нарко-бандите во историјата на земјата, во која беа убиени најмалку 120 лица.
Демонстрантите побараа одговорност од локалните власти и прекин, како што тврдат, на воените упади во сиромашните заедници.
Властите повторија дека акцијата била легална и заснована на едногодишна истрага.
– Многу е тажно да се видат луѓе што ги познаваме како лежат таму како животни, мртви. Овој масакр, кој го нарекуваат операција, не беше операција, туку беше беззаконие насочено против заедницата. Децата растат гледајќи го ова, изјави една демонстрантка.

