Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прв штрајк на новинарите во Португалија по 42 години

 Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии.

Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација.

Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите.

Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот.

– Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк.

Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа.

Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра.

Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен