Првиот случај на нов сој на мајмунски сипаници (mpox, варијанта 1б) е потврден во Холандија.
Болниот пациент не бил вакциниран, не патувал во странство, но имал сексуален контакт со мажи.
Пациентот е изолиран, а според министерот за здравство, Јан Антонио Бројн, ризикот од понатамошно ширење е низок.
Холандската здравствена служба го истражува изворот на инфекцијата, по пат и ги испитува контактите што ги имал пациентот.
Освен во Африка, овој сој на сипаници (1б) досега е регистриран во Шпанија и пет други европски земји, САД и Тајланд.
Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција на болести (ECDC) внимателно ја следат ситуацијата.
Вакцинацијата за групите со ризик ќе биде достапна барем до крајот на оваа година, а холандскиот NL Times објавува дека мажите кои имаат сексуални односи со мажи спаѓаат во групата со висок ризик.
За време на глобалната епидемија во 2022 година, циркулираше друг сој, 2б, инфицирајќи повеќе од 1.300 луѓе во Холандија.