Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прва масовна вакцинација против маларија во Камерун

Во Камерун почна првата програма за рутинска вакцинација против маларија во светот, со верување дека вакцината ќе спаси животи на илјадници деца низ Африка, јавува Би-Би-Си. 

Симболичната прва доза ја прими малото девојче Даниела во Јаунде, главниот град на Камерун.

Секоја година во Африка од маларија умираат 600.000 лица, пресмета Светската здравствена организација (СЗО), а децата на возраст под пет години сочинуваат најмалку 80 отсто од смртните случаи.

Камерун воведе бесплатна вакцина за сите доенчиња до шест месеци, а потребни се вкупно четири дози. 

Според американските научници, вакцината е ефикасна во 36 отсто од случаите, што значи дека треба да спаси најмалку еден од три животи.

Зачлени се на нашиот е-билтен