Државната изборна комисија започна со објавување на прелиминарните резултати од денешните повторени избори во четири општини.
По пребројани 69,42% од гласовите во Гостивар убедливо води кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, Валбон Лимани кој има освои 10.597 гласа или речиси двојно повеќе од кандидатот на ВЛЕН Неват Бејта кој има 5.475 гласа.
Во Маврово и Ростуша, Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ води двојно пред противкандидатот од СДСМ Анес Ахмети.
Нов градоначалник на општина Врапчиште ќе биде Исен Шабани од Колаицијата НАИ предвоена од ДУИ, додека во Центар Жупа имаше само еден кандидат за градоначалник а тоа е Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците.