Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Првиот конвој камиони со хуманитарна помош пристигна во Газа преку северниот премин премин,

 Првиот конвој камиони со хуманитарна помош за Палестинците пристигна во Појасот Газа преку северниот премин, соопшти денеска израелската армија.

Новиот премин е изграден во рамки на серијата чекори насочени кон подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Камионите вчера поминаа низ безбедносна проверка на преминот Керем Шалом, која ја спроведоа властите на копнените премини, со помош на војниците, пред да стигнат во Газа, додаваат од израелската армија.

Во соопштението не се наведува колку камиони имало во конвојот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира