Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Леопард 2“ од германско производство на Украина, објавија денеска полските медиуми, на годишнината од руската инвазија.
-Премиерот Матеуш Моравјецки денеска во Кијив ќе објави дека Полска веќе и ги испорачала првите тенкови Леопард на Украина, наведуваат медиумите, цитирајќи владини извори.