Летот на „Спирит ерлајнс“ мораше да се пренасочи откако истрели беа испукани кон авионот додека пилотот се обидувал да слета во главниот град на Хаити.
Инцидентот се случил денеска, а пукано е врз авионот кој од Флорида пристигнувал на Хаити од Форт Лодердејл.
Најмалку едно лице е рането во престрелката, објави Мајами Хералд.
Авионот слетал во Порт-о-Пренс кога непознато лице пукало во правец на леталото. Пилотот го извршил маневарот и го вратил авионот на небото. Според последните информации, авионот слетал безбедно во Доминиканската Република.
Официјални лица на меѓународниот аеродром „Тусен Лувертур“ наредија итно заземјување на сите комерцијални летови. Радарите забележале дека авионите „Jetblue Airways“ и „Amerijet Cargo“ ги пренасочиле своите авиони од Хаити.
Ова е втор пат во изминатите неколку недели авион кој лета над воздушниот простор на Порт-о-Пренс да биде погоден од истрели од вооружени банди. Минатиот месец хеликоптер на Обединетите нации беше погоден и беше принуден да се врати на аеродромот. Во тој инцидент немаше повредено.
Инцидентот се случи во понеделникот само неколку часа пред владејачкиот претседателски совет на Хаити да положи заклетва новиот премиер, бизнисменот Аликс Дидие Филс-Ајме, откако го собори премиерот Гари Конел.