Пукната цевка во Влае ја остави без вода западната страна на Скопје

Голем дефект на главната водоводна мрежа вечерва ги остави без вода дел од жителите на западниот дел од Скопје.

Пукната цевка со профил Ф600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе населби.

Засега без вода се корисниците во Карпош, Ѓорче Петров, Влае и Хром, а од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Во моментот не е познато кога ќе заврши санацијата, ниту кога ќе биде воспоставено редовно водоснабдување.

Жителите на Ѓорче Петров и претходно се соочувале со слаб притисок и нестабилност во водоводната мрежа, но овој прекин дополнително ја влоши состојбата.

Зачлени се на нашиот е-билтен