Во книгата „Спин диктатори“ (Архипелаг, 2022) од Сергеј Гуријев и Данијел Трајсман, која е моментално актуелна, се споменуваат имињата на политички лидери од Путин до Трамп, од Орбан до Ердоган, од Чавез до Рафаел Кореа, од Фуџимори до Болсонаро и Мануел Лопез, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се споменува во предговорот на книгата, пишува Нова.рс.
„Спин диктатори“ е книга за новиот изглед на тиранијата во 21. век. Гуријев и Трајсман покажуваат зошто старите диктатори кои владееле преку страв и физичка репресија се заменети со нови спин диктатори кои владеат со пропаганда, полуинформации, јавна конфузија и спин.
Оваа книга детално ги анализира изворите на политичката спин диктатура, но и самата техника на владеење на новите авторитарни владетели.
Книгата „Спин диктатори“ е преведена на сите поголеми светски јазици и привлече огромно внимание кај меѓународната јавност, и прогласена е за „една од најдобрите книги објавени во 2022 година“ во изборот на списанијата „NewYorker“ и „Foreign Affairs“.