Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин со декрет ги зголеми руските вооружени сили за 15 отсто

Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на руските вооружени сили за 15 отсто, пренесоа светските агенции.

Наредбата е содржана во претседателскиот декрет потпишан од Путин и објавен на веб-страницата на Кремљ. Во него зголемувањето се објаснува со „зголемените закани“ поврзани со конфликтот во Украина.

Армијата ќе брои 2,2 милиона војници и персонал, од кои 1,32 милиони се воени лица, се наведува во претседателскиот декрет.

Претходниот декрет е со датум од август 2022 година и со него се утврди бројот на членовите на вооружените сили на два милиона вработени, од кои 1,15 милиони се воен персонал.

Зачлени се на нашиот е-билтен