Путин-Зеленски средба: Кремљ бара Киев да дојде во Москва

зеленски

Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но со јасен услов: разговорите да се одржат во Москва. Пораката ја пренесе кремљовскиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, кој изјави дека „Русија никогаш не ја исклучила“ ваквата средба и дека, доколку Зеленски навистина сака разговори, „може да дојде во Москва“.

Ушаков додаде дека Русија би ја гарантирала безбедноста на Зеленски, но Киев, според истите извештаи, ја смета посетата на Москва за невозможна од безбедносни причини. Во меѓувреме, украинските власти повторуваат дека Зеленски е подготвен за директни преговори за најчувствителните теми, меѓу кои територијалните прашања и статусот на окупираната нуклеарна централа Запорожје – една од клучните точки што и натаму ја блокираат политичката формула за прекин на војната.

Изјавата од Москва доаѓа во момент кога, по подолг застој, се обнови дипломатскиот канал околу Абу Даби: според повеќе меѓународни извори, во Обединетите Арапски Емирати имало нова рунда разговори со посредство на САД, без јавно објавен договор, но со очекувања за продолжување на контактите.

Зачлени се на нашиот е-билтен