Работник од Албанија загинал додека работел на објект во општина Дебрца

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.

Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, полициски службеници и Државен инспекторат за труд.

Зачлени се на нашиот е-билтен