Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Радев: Скопје да води дијалог со Брисел, Софија не е вистинската адреса, Орбан нема што да посредува

Бугарскиот претседател Румен Радев не смета дека е потребно какво било посредување меѓу Бугарија и Македонија околу продолжувањето на процесот на интеграција на земјава во ЕУ. Упатува Скопје да води дијалог со Брисел бидејќи Софија веќе не е вистинската адреса, објави денеска БТА.

Вели дека состојбата многу добро му ја објаснил и на унгарскиот примиер Виктор Орбан, за кого се појави информација дека би можел на 7 ноември во Будимпешта да ги седне на заедничка маса него и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека е подготвен кога било и каде било да разговара со него за да се изнајде решение на долг рок, Радев потенцира дека преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија се завршени пред 2 години, а земјата, за да го продолжи својот пат кон ЕУ, треба да води дијалог со Европската комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен