Иранскиот претседател Ибрахим Раиси пристигна во Москва, каде денеска ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин, објави на социјалната мрежа „Икс“, амбасадорот на Исламската Република во Русија, Казем Џалали.
„Ебрахим Раиси пристигна во Москва на преговори со Владимир Путин“, напиша дипломатот.
Шефот на иранската држава непосредно пред поаѓањето изјави дека страните ќе разговараат за конфликтот меѓу Израел и Хамас и потребата од прекин на огнот, политичката, трговската и економската соработка меѓу Москва и Техеран, интеракцијата во индустријата, енергетиката и земјоделството.