Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ, повеќе нема да ја води екипата на турски Тофаш, информираа од клубот.
Според клубот, причина за таквата одлука е резултатската криза на турскиот прволигаш, особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите.
„Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се заблагодаруваме за неговиот придонес во нашиот клуб и во кошарката во Бурса. Му посакуваме многу среќа во следната фаза од неговата кариера“ информираа од Тофаш.
Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026.