„Рајнметал“ ќе испорача муниција вредна 444 милиони евра во Источна Европа

Hajotthu, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

„Рајнметал“ ќе испорача муниција вредна 444 милиони евра во Источна Европа. Германската компанија за производство на оружје и воена го склучи овој договор со клиент од Источна Европа, соопшти компанијата во понеделник.

„Рајнметал Експал Мунишнс“, која дејствува како подизведувач на „Глобал Милитари Продактс“ – која е ангажирана од американската влада – ќе обезбеди 155-милиметарски проектили М107 со полнења за погон М4А2 и 105-милиметарски проектили М1.

Од вкупната вредност на договорот, 170 милиони евра веќе беа резервирани како претходна нарачка, а 274 милиони евра сега се резервирани како нови нарачки.

Испораките се планирани да започнат во 2026 година и се очекува да бидат завршени до јуни 2027 година.

Која е земјата каде што ќе биде испорачани проектилите не е соопштено.

Зачлени се на нашиот е-билтен