Сирените за тревога денеска се огласија во Тел Авив по нападот со ракети врз Израел.
Во моментов нема информации за можни жртви или причинета материјална штета.
Конфликтот меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври кога членовите на милитантната организација Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 240 луѓе.
Израел потоа почна моќна воена кампања за уништување на милитантното движење Хамас во Појасот Газа.