Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама: Да не креваме хистерија, САД не е нужно зло за Европа

„Кога (Трамп) беше претседател, сите зборуваа дека НАТО ќе ослаби, а НАТО зајакна. Па ајде да видиме и да не креваме хистерија не гледајќи ја вистината. Соединетите Американски Држави се Соединетите Американски Држави. Јас не мислам дека тоа нужно мора да е лошо за Европа“, кажа претседателот на Албанија Еди Рама на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Рама најави дека следниот состанок на Европската политичка заедница ќе се одржи во првата половина на следната година во главниот град на Албанија Тирана. „Темата на климатските промени е присутна секаде и, нормално, е во врвот на приоритетите на европските земји, но постојат и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме прилика да бидеме домаќини на овој состанок“, кажа Рама.

Европските лидери учествуваат на петтиот самит на ЕПЦ во Будимпешта каде разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги војните во Украина и на Блискиот Исток.

Зачлени се на нашиот е-билтен