Премиерот на Албанија, Еди Рама, на Економскиот форум во Давос посочи на сајбер нападите.
Рама нагласи дека неодамнешниот сајбер напад на институциите во Албанија, спонзориран од Иран, бил справуван во соработка на Мајкрософт и американското ФБИ.
Се справивме со тоа во коалиција со сојузниците, градиме заштитни ѕидови против сајбер нападите. Беа потребни неколку недели за закрепнување, потенцираше Рама.
Во фокусот на дискусиите беа актуелните меѓународни проблеми како војната во Украина, енергетската криза и сајбер нападите.
На Економскиот форум во Давос учествува и претседателот Стево Пендаровски кој предупреди дека oпасноста што доаѓа од Кремљ, освен за Украина, е голема и за Западен Балкан, каде што има чувствителни точки во европската безбедносна архитектура.
Неговата порака е дека „треба да бидеме многу внимателни со тоа“ и како сојузници и како членки на НАТО и како членки или кандидати за членство во ЕУ.
Прашан за безбедносните предизвици на Западен Балкан, Пендаровски кажа дека во регионот има две ранливи точки – Република Српска и северот во Република Косово.
Режимот на Путин со години наназад се обидува да ги поттикне луѓето на дезинтеграција при што има обиди за провокација со цел да се наруши интегритетот на овие земји, а бевме сведоци на пропаганда и хибридни закани. Сега руската пропаганда не е интензивирана бидејќи Путин е препокупиран со западните сојузници на Украина, изјави Пендаровски.