Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама: НАТО Самитот 2027 ќе се одржи во Тирана

Премиерот на Албанија, Еди Рама, најави дека Самитот на НАТО во 2027 година, ќе се одржи во Тирана и истакна дека тоа „не можеше ни да се замисли пред години“.

Рама за време на својот говор на Конференцијата на амбасадорите во Тирана во понеделникот најави дека следната година Албанија ќе биде домаќин на 44 лидери на европските земји.

„Албанија следната година ќе ги пречека лидерите на 44 европски земји од Велика Британија до Украина или од Шведска и Норвешка во Турција, на Самитот на Европската политичка заедница. Колку е важно за нас како мала земја да бидеме да бидеме домаќини на Самитот на НАТО во 2027 година, не ни можевме да замислиме пред години“, изјави Рама.

„Тирана Дипло 2024“ е насловена конференцијата на амбасадорите што денеска почна во Тирана.

На конференцијата, која ќе се трае до 28 август поканети се и амбасадори, шефови на конзуларни претставништва, како и албански и странски државници.

Зачлени се на нашиот е-билтен