Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама по ратификацијата на договорот со Италија: Албанија делуваше како земја членка на ЕУ

По усвојувањето на договорот за мигрантите со Италија, на денешната седница на албанскиот парламент, премиерот Еди Рама првпат реагираше оценувајќи дека „Албанија делувала како земја членка на ЕУ, која го дели товарот што Европа мора да го носи како обединето семејство“

„Парламентот денеска го ратификуваше договорот за соработка против илегалната миграција меѓу Албанија и Италија. Албанија стои заедно со Италија избирајќи да дејствува како земја-членка на ЕУ и се согласува да го сподели товарот што Европа мора да го носи обединета како едно семејство пред смелиот предизвик кој ги надминува традиционалните левичарско-десничарски поделби“, напиша Рама.

Во пораката која се чини дека е упатена до меѓународните претставници, подвлекува дека ниту една земја не може сама да се справи со имиграциските предизвици, туку тоа може да го направи единствено посилна, похрабра и посуверена Европа.

-Ниту една земја не може сама да реши таков предизвик, ниту една реторика или брзо решение не може да ја промени нејзината големина и ниту една стара слава или минати начини на размислување не можат да обезбедат бегство од соочувањето со она што се случува на сите фронтови. Може само посилна, похрабра и посуверена Европа, лојална на себе, пишува албанскиот премиер на платформата „Икс“.

Според него треба да се соработува заедно за да се најдат вистинските одговори, наместо да го користиме ова прашање како „ запллво средство за внатрешни политички борби, кои само ја зголемуваат вознемиреноста кај луѓето од нашиот заеднички континент и ја прават нашата колективна иднина понеизвесна“. в

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново