Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама за „Financial Times“: Договорот со Италија за мигрантите е уникатен, вакви договори од нас побараа и ОК и други земји но ние рековме не

 Договорот на Албанија со Италија за мигрантите е уникатен, и покрај интересот од другите влади ваков договор да потпишат со нас, ние рековме не, изјавил премиерот Еди Рама за „Фајненшл тајмс“.

-Реков не. Затоа што нема смисла за мене. Италија е многу посебна за нас, повеќе од стратешки однос. Тоа е длабоко вкоренето пријателство. Договорот со Италија се заснова на долга историја на меѓусебно спроведување на законот, при што италијанската крајбрежна стража и помогна на Албанија да ја контролира имиграцијата во 1990-тите и поновите заеднички напори против шверцот на дрога, додал Рама.

Според него потпишување ваков договор побарала и Велика Британија, но тој тоа го одбил.

-Борис Џонсон ми се јави и ми рече дека го цени моето лидерство и дека треба да направиме нешто заедно. Да имаме договор, Велика Британија да носи илегални мигранти во Албанија за да ги задржи тука, за да ги процесуира. Реков, извинете, тоа не е можно, посочува Рама.

За разлика од договор со Италија, со кој се предвдува сместување до 3.000 лица месечно, понудата на ОК не била „фиксна бројка“.

-Тоа беше за сите што одеа во Велика Британија како транзит … Реков нема шанси. Потоа, имавме и барања и од други земји кои нема да ги спомнам. Меѓу најбогатите земји во Европа, рекол Рама.

Покрај Албанија, оценува тој, и другите балкански земји, исто така, можат да помогнат ако „процесот е добро структуриран и се одржува во рамките на меѓународното право“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен