Рама за нападите на САД врз Иран: Албанија ги поддржува искрените напори на претседателот Трамп

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по вклучувањето на САД во вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран, нагласувајќи дека неговата земја ги „поддржува искрените напори на претседателот Трамп“
„Албанија ги поддржува искрените напори на американскиот претседател Доналд Трамп да спречи теократскиот режим во Техеран некогаш да биде опремен со нуклеарно оружје, напиша во објава на платформата X.
Според него Иран е опасен исклучок, за разлика од која било друга држава што поседува нуклеарно оружје.
Оценува дека е теократија, опремена со апокалиптична реторика, вградена во седумдесетгодишна традиција на етикетирање на слободните нации како „сатански“ и која отворено повикува на нивно истребување.
Во секој поглед, нагласува, ова е опасен исклучок, за разлика од која било друга држава што поседува нуклеарно оружје, без оглед на нејзиниот политички систем.
„Како држава што излезе од темнината на еден брутален теократски режим и горд член на слободниот свет и како стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, Албанија, ја изразува својата непоколеблива поддршка за напорите на претседателот Трамп да го спречи теократскиот режим во Техеран да поседува нуклеарно оружје“, пишува Рама.
По почетокот на вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран, Албанија, ја потврди поддршката за „правото на Израел да ги заштити своите граѓани од вистински  закани“ и го повика Иран да ги прекине своите нуклеарни и балистички ракетни активности и да дејствува во „целосна согласност со своите обврски според меѓународното право, вклучително и Договорот за не ширење на нуклеарно оружје“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен