Општина Велес распиша конкурс за 57. Детски Рацинови средби кој ќе биде отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од шесто до девето одделение од oсновните училишта и ученици од прва до четврта година од средните училишта.
Творбите се класифицирани во две категории: за основно и за средно образование.
Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби. Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.
Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ .
Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.,
Детските Рацинови средби се одржуваат секоја година во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес.
Преземено од Трн.мк