Вредноста на американските акции денеска порасна, првенствено затоа што цените на нафтата флуктуираа само малку.
Берзанскиот индекс Dow Jones порасна за 189 поени, или 0,4 проценти, S&P 500 за 0,5 проценти, колку што порасна и Nasdaq, јави Си-Ен-Би-Си.
Инвеститорите на берзата се фокусираа главно на цените на нафтата, како и на сите информации за потенцијалниот одговор на Иран на американските напади.