Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Расте бројот на загинати во Нови Сад, во Србија утре е прогласен Ден на жалост

Бројот на жртвите од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад се искачи на 11, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.

„Со оглед на тежината на конструкцијата, уште од самиот почеток се сомневаше дека бројот на загинатите најверојатно ќе биде поголем од бројот на повредените, што за жал се покажа дека е точно. Значи, засега се извлечени 11 тела, така што 11 лица се мртви“,изјави Дачиќ.

Директорката на Клиничкиот центар во Војводина, Весна Туркулов во изјава за медиумите вели дека три од повредените лица се во тешка состојба во Ургентниот центар.

Таа потврдува дека во последниот час во Ургентниот центар се донесени две лица.

„Во операционата сала има две лица, а на еден пациент му е констатирана дијагноза. Повредени се две жени и еден маж, а нивниот идентитет не е познат“,вели таа, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта на граѓаните кои настрадаа по уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад.

Зачлени се на нашиот е-билтен