Најмалку 31 човек загинаа при вчерашното лизгање на земјиште во планинската област во југозападна Кина.
Уште две лица денеска се спасени и хоспитализирани.
Повеќе од илјада спасувачи со помош на багери, дронови и кучиња трагаат по исчезнатите лица.
По свлечиштето евакуирани се над 900 луѓе.