Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Размислувај различно“ го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост во југоисточниот регион

Со цел одбележување на 3 декември – денот на лицата со попреченост Здружението „Размислувај различно“ со седиште во Струмица посети неколку општини од југоисточниот регион и подели свои флаери.

Истовремено активноста беше искористена како можност да бидат посетени и некои од членовите на Здружението, да се разговара за нивните проблеми, да се увидат нивните потреби и да се најде начин да им се излезе во пресрет и остварување на правата за инкузивност во општеството.

Активисти на Здружението „Размислувај различно” во пресрет на 3 Декември- денот кој Обединетите нации го прогласија за Меѓународен ден на лицата со попреченост изработија свој флаер и го поделија во Струмица и општини од југоисточниот регион на земјата.

Флаерот потсетува дека проценките зборуват за 16 проценти од светската популација која страда од попреченост, односно дека 1,3 милијарди луѓе на светот секојдневно се соочуват со телесна или интелектуална потешкотија.

Здружението „Размислувај различно“ потсетува дека лицата со попреченост имат поголем ризик да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, мозочен удар или орално здравје. Тие потсетуват проблемот со недостапноста на многу од услугите и на бариерите со кои се соочува оваа популација.

,,Не претпоставувајте дека попреченоста е видлива. Обидете се да ги идентификувате лицата со попреченост проактивно“ – повикува „Размислувај различно“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира