Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Речиси 50 мигранти исчезнати по превртен брод крај брегот на Јемен

 Речиси 50 лица се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте во близина на брегот на Јемен, јавија денеска американските медиуми. 

-Бродот со 75 лица на него се преврте вчера, а 26 луѓе преживеаја и беа извлечени на брегот, додека најмалку 49 се водат за исчезнати, изјави Калид ал Субеихи, претставник на јеменската крајбрежна стража. 

Повикувајќи се на неименуван службеник на крајбрежната стража, јеменската државна новинска агенција САБА објави дека бродот се превртел поради силните ветрови и дека сите лица на него, вклучувајќи жени и деца, паднале во водата. 

Потонатиот брод е најнова морска несреќа во која се вклучени африкански мигранти, кои се обидуваат да стигнат до богатите земји од Персискиот Залив. 

Секоја година, илјадници луѓе заминуваат од Етиопија, Џибути и Сомалија во Јемен, со цел да стигнат до побогати земји, бегајќи од сиромаштијата и небезбедните услови за живот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира