„Реки од крв“ и „рој пчели“: зошто Нострадамус пак е тренд за 2026

На почетокот на 2026, интернетот повторно ја вади од фиока истата стара приказна: Нострадамус „предвидел“ што ќе ни се случи. Во кругови на поп-мистика и таблоидни интерпретации кружат фрази за „реки од крв“, „рој пчели“, „удар од гром“ и нови војни, како да се работи за календар со прецизни датуми. Во реалноста, проблемот е што Нострадамус никогаш не го напишал бројот „2026“ – денешните врски се градели подоцна, преку слободни толкувања на неговите четиристишија.

Нострадамус, француски лекар и астролог од 16 век, ги објавил „Пророштвата“ како збир од криптични стихови што лесно се „препакуваат“ во актуелни настани. Дел од денешните текстови ги земаат симболите од стиховите и ги лепат на современи конфликти, геополитички поместувања или сценарија за технолошки пресврти, па добиваат наратив што звучи како предупредување, но во суштина е интерпретација, не доказ.

Затоа и оваа „прогноза“ функционира повеќе како огледало на колективната анксиозност отколку како информација. Кога годината почнува со кризи и неизвесност, луѓето бараат приказна што ја „објаснува“ иднината. Нострадамус, токму поради нејасниот стил, останува идеален материјал за такви проекции.

Зачлени се на нашиот е-билтен