Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рекорден број на учесници на скопскиот маратон, се очекува најдобро издание

Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски ги кажа своите очекувања за јубилејното 20. издание на масовната спортска манифестација во македонската престолнина.

– Ова е празник на градот и на државата. Со рекордни 13.400. растеме од година во година. Секоја година ги подобруваме организациските перформанси. Стигнати сме на едно високо ниво. Не е лесно да се организира манифестација која бара вклучување на многу институции. Очекувам најдобро издание до сега, изјави Синадиновски по стартот на денешниот маратон.

Низ скопските улици, рекордни 13.400 натпреварувачи се тркаат во маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 км.

Претходниот рекорд во број на учесници на Виз Ер Скопски маратон беше 12.450 натпревуравачи во 2019 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново