Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рекорден број набљудувачи на изборите во Србија

Изборите во Србија в недела, на 17 декември, ќе ги следат 5.587 домашни и странски набљудувачи, што е рекорден број контролори на досега одржаните гласања, изјави претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитријевиќ.

Тој за Радио и телевизија на Србија изјави дека ќе бидат отворени 8.273 избирачки места.

„Конечните резултати од изборите ќе се знаат до Нова година. Тогаш рокот е 30 дена за формирање на Собрание и 90 дена за формирање на Влада, така што можеме да ја очекуваме напролет“, рече Димитријевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен