Репродуктивниот центар за елени во Галичица – од 30 на над 200 единки

Националниот парк Галичица бележи значителен успех во заштитата и обновувањето на популацијата на елени. Од отворањето на репродуктивниот центар во 2019 година, бројката на елени се зголемила од околу 30 на над 200 единки, соопштија од паркот.

Секојдневната грижа за елените ја води тим ренџери, предводен од Лазе, со помошниците Јане и Кире, кои се грижат за обезбедување храна и вода, редовни контроли и безбедноста на животните. За дополнителна заштита, центарот е опремен со видео-надзор, кој овозможува брза реакција во случај на закани.

Центарот има за цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот. Според надлежните, овој пристап придонесува за здрави екосистеми, одржливост во природата и рамнотежа помеѓу човечките активности и дивата природа.

Резултатите покажуваат дека континуираната грижа, комбинирана со современи мерки за заштита, може значително да ја подобри состојбата на загрозените видови и да обезбеди одржлива иднина за природните ресурси во националните паркови.

Зачлени се на нашиот е-билтен