Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Режисерското деби на Сара Климоска е дел од селекцијата на „European Short Pitch“

Од илјадници апликации секоја година, „European Short Pitch“ издвојува вкупно 12 проекти од исто толку европски земји

Краткометражниот игран филм „Врзани“ („Chained“) – режисерското деби на македонската актерка Сара Климоска – е дел од селекцијата на престижната програма „European Short Pitch“, чија финална фаза ќе се одржува од 26 до 29 февруари во Рен во Франција.

Од 2007 година дел од оваа програма биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат успеси и премиерни прикажувања низ светските фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс…

Од илјадници апликации секоја година, „European Short Pitch“ издвојува вкупно 12 проекти од исто толку европски земји.

-Програмата има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација, соопштија од продукциската куќа „Унита Филм“.

Продуцент на филмот „Врзани“ е Вардан Тозија.

Зачлени се на нашиот е-билтен