Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ќе биде домаќин на светската изложба Експо 2030, изгласаа 182 членови на Меѓународното биро за изложби (БИЕ).
Јужнокорејскиот Бусан и италијанскиот главен град Рим исто така беа во трката за домаќин на Светската изложба.
Во првиот круг на гласање, Рим доби 17 гласа, Бусан 29, а Ријад 119, а бидејќи нема потреба од втор круг гласање во случај на двотретинско мнозинство, Ријад е прогласен за победник и домаќин.