Со заробувањето на Мадуро, американската воена интервенција во Венецуела заврши за само еден ден, сега следува период на транзиција на власта, која со сигурност ќе биде превземена од американски сојузник, пишува на социјланите мрежи новинарот Сеад Ризвановиќ.
Ризвановиќ кој важи за познавач на глобалната политика и воената индустрија, смета дека со ова САД ѝ одржале на Русија показна вежба за тоа како треба да се спроведе една воена операција.
„САД одржаа показна вежба на Русија како се изведува воена интервенција. Со концентрирање на доволен број на средства за онеспособување на непријателот, со неутрализирање на непријателската противвоздушна одбрана и воспоставување на воздушна надмоќ (Air superiority), со парализирање на непријателските воени капациетите преку удари на сите воени инсталации во исто време, паралелно со логистичките и транспортни капациети кои служат за одбрана на непријателот
Класичен приказ на американската стратегија за првичен удар (Shock&Awe) успешно употребена во Ирак и Авганистан. Со заробувањето на Мадуро е успешно извршена главната фаза која се состои од обезглавување на непријателот, со што целосно се неутрализираат неговите одбранбени капацитети, координација и морал
Неверојатно е што САД успеа тоа да го направи за само една ноќ, во земја од речиси 30 милиони жители, претходно подготвена за војна со спроведена мобилизација и во очекување на воени удари.
Интересни се реакциите на руските блогери кои сега прашуваат “каде отидоа 6 милијарди долари за авионите СУ-30, противвоздушните системи БУК-М, С-300 и тенковите Т-72 кои се пратени од Русија”
Одговорот е едноставен, тоа се пари фрлени во празно, доколку се исплатени на Русија, бидејќи тие системи едноставно немаа никаква шанса против американските напади, се работи за застарени системи кои се уништуваат во Украина на дневна основа од далеку послаб противник. Како паралела на војната во Украина, ова е пример за она што Русија требаше да го направи во 2022 година доколку сакаше да победи брзо. Тогаш Русија имаше средства и можност да го направи тоа, но очигледно немаше знаење. Денеска е веќе доцна, Русија освен што нема знаење, нема веќе средства ниту можност за брза победа“ пишува Ризвановиќ.