По целосно одигрување на сите мечеви од групната фаза, РК Вардар 1961 како првопласиран се квалификуваше во следната фаза.
Таму во 1/16 финалната рудна противници ќе бидат германскиот Мелсунген и португалската екипа на Бенфика.
Македонскиот вицешампион ќе започне и ќе заврши со дуел против Мелсунген, првиот на домашен, а последниот на гостински терен во Германија. Натпреварите од втората рунда ќе се играат во периодот од 17 февруари до 10 март.
Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, а второ и трето рангираните, ќе играат плеј-оф (осминафинале).
Во новоформираната група Мелсунген ќе стартува со 4 бодови, Вардар и Кристијанштад со по 2 бода, а Бенфика од нула (0).

