Роберт Левандовски ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда

Една од најголемите ѕвезди на Барселона, Роберт Левандовски, најверојатно ќе го пропушти стартот на новата сезона поради повреда на бутниот мускул.

Од клубот засега не прецизираат кога напаѓачот ќе се врати на тренинзи и колку ќе трае рехабилитацијата. Сигурно е дека Левандовски нема да биде во тимот за пријателскиот натпревар против Комо.

Барселона во првото коло од Ла Лига на 16 август гостува кај Мајорка.

Зачлени се на нашиот е-билтен