Родителите на жртвите од пожарот во „Пулс“ денес го одржаа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. издание на „Маршот за ангелите“ во знак на сеќавање на жртвите од трагичниот пожар во клубот „Пулс“. По дождливо време, маршот се одвиваше по вообичаената маршрута, но без официјални изјави од родителите, кои досега обично преку медиумите комуницираа со јавноста.

Преку пораки на транспарентите, родителите повторно ги обвинија институциите и побараа правда и праведно судење за трагедијата. За време на маршот, десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

Маршот започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде родителите се упатија кон Трговскиот центар, а потоа продолжија кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.

  1. „Марш за ангелите“ заврши на истото место каде што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

Зачлени се на нашиот е-билтен