Ројтерс: САД бараат од Украина да го предаде регионот Донецк на Русија

Извор од преговорите за Ројтерс изјавил дека сè уште има големи разлики во територијалното прашање

Американскиот преговарачки тим ѝ кажал на Украина за време на мировните преговори во Берлин дека Киев мора да ги повлече своите сили од регионот Донецк како дел од прекинот на огнот, дознава Ројтерс од анонимен извор.

Ројтерс пренесува дека украинските и американските преговарачи го завршија вториот ден од разговорите во Берлин, но дека Киев побарал продолжување на дискусиите.

Друг извор од преговорите за Ројтерс изјавил дека сè уште има големи разлики во територијалното прашање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше во Берлин со американскиот претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и со европските лидери.

Зачлени се на нашиот е-билтен