Ројтерс: Спречена испорака нафта за Србија, милион барели застанати во Омишљ

Трамп определи двојна царина за Индија зашто купува руска нафта

Американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (NIS) го спречија пристигнувањето на милион барели сурова нафта, која требаше да обезбеди работа на единствената рафинерија во земјата во Панчева.

Анонимни извори за Ројтерс изјавиле дека Србија има уште само неколку дена резерви пред рафинеријата да биде приморана да запре со работа. Тенкерот „Maran Helios“ со казахстанска нафта пристигнал во хрватската Лука Омишљ на 9 октомври, но нафтата не стигнала до Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сепак увери дека постојните залихи ќе го обезбедат снабдувањето до крајот на годината и дека нема да има енергетска криза или недостиг на нафта и деривати.

Зачлени се на нашиот е-билтен