Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Романски европарламентарец бара во следниот состав на ЕК да има комесар за дезинформации

Следната Европска комисија треба да има портфолио за борба против дезинформациите, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин го користи како оружје за слабеење на демократијата со поттикнување недоверба во ЕУ, смета романскиот европратеник Еуген Томак.

На настанот организиран од романската медиумска компанија ХотЊуз, Томак рече дека е исклучително важно Комисијата да има комесар кој ќе се фокусира на дезинформациите, особено на оние кои потекнуваат од Русија, бидејќи секојдневно ја поткопуваат демократијата, објави Еурактив Романија. 

Томак, кој е и претседател на партијата Народно движење, оцени дека законодавството во сите земји-членки е „многу кревко“ и истакна дека е потребен проактивен пристап за да се запре растот на анти-ЕУ расположението кое го поттикнуваат политичари блиски до интересите на Кремљ.

Романскиот европратеник предупреди за леснотијата со која екстремистичките политички субјекти користат тактики за дезинформирање додека владите остануваат „немоќни бидејќи немаат механизми веднаш да одговорат“, објави Еурактив Романија.

Зачлени се на нашиот е-билтен