„Рубио–Венс 2028?“ – нов сигнал за тоа кој би го наследил Трамп

Во Вашингтон се засилува „фајналист“ наративот за 2028: Џеј Ди Венс и Марко Рубио сè почесто се споменуваат како носители на републиканската номинација – било во тандeм, било како ривали. Потпретседателот Венс неодамна ја нарече темата „прерана“, но потврди дека Доналд Трамп приватно „фрла“ идеи за можен тандем со државниот секретар Рубио; двајцата, вели, се „најдобри пријатели“ во администрацијата.

Сигналите не доаѓаат само од шпекулации. Во август, Трамп јавно го опиша Венс како „најверојатен“ наследник за 2028 и дури сугерираше дека Рубио би можел да биде негов потпретседател на идната партиска листа. Паралелно, нови извештаи тврдат дека и самиот Рубио во приватни разговори го гледа Венс како фаворит за републиканската номинација.

Зачлени се на нашиот е-билтен