Медиумскиот магнат Руперт Мердок (92) денеска соопшти дека ќе се повлече од функцијата претседател на медиумските компании „Фокс корпорејшн“ и „Њуз корп“.
Мердок како претседател на двете компании ќе го замени неговиот син Лаклан Мердок, пренесува Си-Ен-Ен.
„Целиот професионален живот бев секојдневно ангажиран на вестите и идеите и тоа нема да се промени, но вистинско време за мене е да преземам поинакви улоги, знаејќи дека имаме навистина талентирани тимови“, наведе Мердок во дописот до вработените.
Мардок го нарече својот син „страствен, принципиелен лидер”. Мердок, кој со медиуми почна да се занимава во 50-тите години на минатиот век стана главен холивудски директор во 1985 година кога го купи „20th Century Fox“ за 600 милиони долари. Година дена подоцна купи неколку американски телевизиски станици и го создаде „Фокс Бродкастинг“. „Фокс Њуз“ почна со работа во 1996 година.