Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија депортирала повеќе од 16.000 деца од Украина

Русија до сега има депортирано повеќе од 16.000 деца од Украина. Ова го изјави генералниот украински обвинител, Андриј Костин на средбата со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, информираат од прес-службата на Јавното обвинителство на Украина.

„Едно од најеклатантните злосторства е присилната депортација на украински деца во Русија и Белорусија. Во мај 2022 година, Путин потпиша указ за поедноставена процедура за добивање руско државјанство за децата од Донбас, Запорожје и Херсон“, истакна Костин, пренесува Укринформ.

Според него, досега е потврдена депортацијата на повеќе од 16.000 деца.

„Успеавме да вратиме 307 од нив. За да се направи повеќе, потребна е помош од меѓународната заедница“, нагласи Костин.

Како што објави Укринформ, на состанокот на 27 февруари, министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина, Ирина Верешчук и комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ разговарале за престојот на украинските цивилни заложници во руско заробеништво.

Од почетокот на војната во целосни размери, извршени се 38 размени на затвореници и 1.863 лица се ослободени од руско заробеништво.

Подготви: А. Р. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново